Природен лосион за после сончање можете да направите и сами со малку труд

popara16 август, 20231min00
shutterstock2139451009-830x0

Нема ништо полошо од тоа кога кожата не чеша и пече по изложување на силни сончеви зраци

Кога сме долго изложени на сонце, по сончањето посегнуваме по лосиони и креми кои би ја хидрирале и негувале нашата кожа.

Доколку немате некој од овие производи со вас, најдобро е да направите природен лосион за после сончање дома.

Состојки:

– половина шолја кокосово масло

– 1 лажица пчелин восок

– лажица путер од какао

– 1 лажица маслиново масло

– 1 шолја алое вера гел

– 10 капки етерично масло од пеперминт

Подготовка:

На пареа растопете ги кокосовото масло, пчелиниот восок, какао путерот и маслиновото масло. Откако сè ќе се соедини, тргнете од оган и оставете да се излади.

Смесата малку ќе се стврдне, но нема да биде цврста. Оставете неколку часа, а можете да ја ставите во фрижидер доколку сакате да го забрзате процесот, пишува „Ouroilyhouse.com“.

Потоа се додава гелот од алое вера на собна температура и се мати со миксер, па се додава етеричното масло и се продолжува со мешање додека маслото и восокот не се соединат. Готовата смеса чувајте ја во херметички затворен сад.

Ако чувствувате дека вашата кожа е сува, испукана или изгорена од сонце, втријте мала количина во областа. Оставете добро да се впие, а можете да го користите и за смирување на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag