Крема направена од природни состојки
Не мора да трошите огромна сума на пари на производи за нега на кожата. Можете сами да направите ефикасен лосион од природни состојки, според грчки рецепт стар 2000 години.
Овој препарат е фантастичен за нега на кожата на лицето, но е и ефикасно средство за отстранување шминка.
Состојки:
1 лажица мед
8 лажици рендан пчелин восок
200 мл бадемово масло
половина шолја вода од роза
Постапка:
На тивок оган растопете ги медот, восокот и бадемовото масло.
Кога се добро ќе се стопи, тргнете ја смесата од оган и оставете да се излади, но не целосно.
Во топлиот восок капка по капка додавајте ја розовата вода со постојано мешање.
Кога лосионот добро ќе се измеша, истурете го во стаклени тегли кои ќе ги затворите дури кога препаратот целосно ќе се излади.