Природна нега: Направете домашен серум со витамин Ц и вашето лице ќе блесне

popara19 декември, 20231min00
Screenshot_2

Најдобар сојузник за одржување на младешки изглед и здрава кожа е витаминот Ц.

 

 

Неопходен е за синтеза на колаген, кој ја подобрува структурата на кожата и ги ублажува постоечките брчки. Овој витамин ја поддржува и регенерацијата на клетките на кожата и ги намалува штетните ефекти на слободните радикали.

 

Состојките што ви се потребни се домашен витамин Ц во прав, дестилирана или филтрирана вода, чист гел од алое вера и витамин Е. Не користете метален прибор за подготовка на серумот, туку прибор од керамика, пластика, стакло или дрво.

 

Во сад измешајте една лажичка витамин Ц во прав со 3 лажички вода и мешајте додека кристалите на аскорбинската киселина целосно не се растворат. Потоа додадете 20 капки витамин Е (во форма на масло) и една лажичка гел од алое вера. Сè добро соединете, истурете во темно стаклено шише и чувајте го во фрижидер до 3 недели. Серумот користете го навечер, после тоникот и пред хидратантниот крем. Пред секоја употреба добро протресете го серумот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma