ПРИРОДНО ОСВЕТЛЕТЕ ЈА КОСАТА ЗА ДВЕ ДО ТРИ НИЈАНСИ! Еве како!

popara7 мај, 20231min00
667221_pexels-anastasiya-gepp-2036644_f

Освен што косата ќе стане посветла, таа ќе биде и помека и посјајна, а и прекрасно ќе мириса. Овој метод на осветлување е наменет за светло кафена и руса коса, а резултатите тогаш се најдобри.

Циметот е одлична алтернатива за скапите и штетни бои за коса, а резултатот е фантастичен. Освен што може да стане посветла како после изложување на сонце на море, косата ќе изгледа и видно поздрава.

Овој метод на осветлување е наменет за светло кафена и руса коса и резултатите се најдобри тогаш – косата е посветла за две до три нијанси. Исто така, ова е подобар избор од класичните фарби бидејќи не ја оштетува косата.

Циметот ќе ја осветли и потемната боја на косата, но тогаш третманот треба да се повтори неколку пати. Понекогаш резултатот изостанува, а тоа зависи од структурата и бојата на косата, пренесува „Атма“.

Рецепт за маската со цимет, количината е за долга коса

Состојки:

3 лажици цимет

3 лажици мед

5 лажици регенератор за коса

Подготовка:

Медот и циметот измешајте ги убаво да се соединат, па во смесата додајте го балсамот. Маската се нанесува на чиста, исушена коса. Доколку сакате да постигнете впечаток на прамени, тогаш поделете ја косата и смесата нанесете ја само на надворешниот дел од косата – во овој случај бојата ќе посветли како да на море и на сонце.

Погрижете се смесата да не ви остане на лицето и да не ја втривате во коренот на косата, за да избегнете иритација на кожата.

Откако ќе ја нанесете маската, замотајте ја косата со најлон и пешкир за да остане топла. Отстранете ја крпата по половина час, а маската под најлонот нека остане на главата уште четири до пет часа. На крајот, исплакнете со топла вода.

И не заборавајте, оваа маска е наменета да ја осветли природната боја на косата, а не бојадисаната коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag