Се користи два пати неделно
Доколку спаѓате во групата на луѓе кои имаат проблем со темни кругови и ќесички под очите, ова е вистинската маска за вас.
Ќе ви требаат само две состојки кои веќе ги имате во вашата кујна и неколку минути време за да ја подготвите.
Станува збор за маска од сок од магдонос која ќе биде многу ефикасна во борбата против овој проблем.
Се што ви треба е магдонос и една лажица топла вода или јогурт.
Магдоносот крупно исечкајте го, па ставете го во сад и згмечете го со дрвена лажица (или истолчете го во аван) за да се ослободат соковите од листовите.
Потоа истурете една лажица топла вода и убаво измешајте. Наместо вода можете да користите и јогурт.
Почекајте смесата да се излади, а потоа земете две парчиња памучна вата или туфер и натопете ги со сокот од магдонос.
Ставете ги под очите и оставете ги да делуваат 10 минути. За тоа време опуштете се и затворете ги очите. Веднаш ќе видите олеснување и резултати, а оваа маска можете да ја користите два пати неделно неколку недели.