Сезоната на меки џемпери и омилени фармерки пристигна,а Блејк Лајвли,чиј стил редовно добива пофалби,ја отвори на најдобар можен начин.Ова е стајлинг кој со задоволство ќе го копираме и носиме повторно и повторно.
Блејк Лајвли прошета низ њујоршкиот Вест Вилиџ облечена во светло жолт џемпер со широк,малку предимензиониран крој и истакнато деколте.Тоа беше толку едноставна и суптилна комбинација на лежерност и шик заведување.
Актерката и мајка на четири деца успешно ги истурка вечните тесни фармерки од модната сцена со фармерки со широки ногавици овосезонски ултимативен тренд,со впечатлив џемпер.
Имено, заедно со сите парчиња кои се враќаат во мода од 90-тите, широките фармерки се појавуваат како еден од најпопуларните тексас стилови на сезоната. Доволно е да се погледне стајлингот на Тејлор Свифт, Ријана,Бела Хадид,Лори Харви, Хејли Бибер и многу други ‘it’ девојки кои се повеќе се наклонети кон опуштени, лабави кроеви. А на овој тренд потклекнаа и домашните љубители на модата.
Блејк го најде својот омилен пар чизми до глужд на полиците на Zoe и успешно ги подигна со изборот на жолт џемпер со V-деколте од Leset (цена од околу 282 евра,но изработен од кашмир) за удобен, но сепак стилски комплет, и длабокото деколте обезбеди комбинацијата да изгледа застарена.
Таа избра чевли во ист тон,а имаше и чанта на Louis Vuitton во комбинација на бела и жолта боја.