Холивудскиот пар Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа родители по четврти пат.
Дека нивното семејство е побројно, убавата актерка соопшти преку Инстаграм на несекојдневен начин.
Блејк објави фотографија на која е со сопругот и неговата мајка Тами, а она што сите го забележаа е дека таа го нема трудничкиот стомак.
ФОТОГРАФИИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Светските шоу-биз медиуми ја обајвија веста за нејзиното породување.
Блејк и Рајан се во брак од 2012 година и имаат три ќерки, Бети (3), Инез (6) и Џејмс (8).