ПРОБАЈТЕ ЈА ОВАА НЕОБИЧНА КОМБИНАЦИЈА НА ВКУСОВИ Здравата салата со калинка е како створена за топлите летни денови

popara22 јуни, 20231min00
719360_shutterstock-726452779_f

Освежителната салата со калинка, фета сирење и ореви е особено пријатна во лето и воодушевува со комбинацијата на вкусови.

Оваа салата можете да ја послужите за ручек. Оброк салатите се многу популарни, а оваа што ја предлагаме има многу здрави состојки. Главни се оревите, калинката и фета сирењето.

Состојки:

1/2 шолја ореви

1/4 шолја шеќер

1 кесичка бејби спанаќ

малку зелена салата

1 калинка

1/4 виолетов кромид

230 гр фета сирење

За дресинг:

1 лажичка дижон сенф

3 супени лажици црвен оцет

3 супени лажици маслиново масло

1 лажица мед

1 лимон

Подготовка:

Во сад измешајте ги измиениот бејби спанаќ, зелената салата, сечканиот виолетов кромид, сечканите ореви и распарченото фета сирење.

Во друг сад направете го преливот мешајќи ги сенфот, оцетот, маслиновото масло, медот, сокот и ренданата кора од лимон.

Промешајте го преливот и прелијте врз салатата.

Повторно измешајте и додадете ја исчистена калинка.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag