Размислувате да му се јавите на бившиот што ве повредил и знаете дека немате иднина со него. Заборавате кога последен пат сте биле на депилација, постојано сте нервозни и подготвени за кавга – знаци дека немате доволно секс.
Често се говори за позитивните ефекти што сексот ги има врз човечкото тело, а знаците дека ви недостасува секс се веднаш видливи и може да се забележат преку вашето однесување, но се одразуваат и на изгледот.
Без разлика дали сте во брак, во сериозна врска, или, пак сте слободни, на многумина им се случува од различни причини да немаат доволно време за интимни односи, а тоа може да биде веднаш видливо за останатите во вашето опкружување.
Кои се можните знаци дека ви е потребен поактивен сексуален живот?
Проблеми со несоница
Покрај другите посериозни здравствени нарушувања што може да предизвикаат проблеми со спиењето, и недостатокот на секс може да предизвика инсомнија. Одговорот е едноставен, не сте доволно опуштени за да заспиете.
Проблеми со изгледот на кожата
Слично како и другите форми на вежба сексот го зголемува дотокот на крв во клетките на кожата, поради што таа има поубав сјај и тен.
Сексот го намалува нивото на хормонот кортизол или познат како „хормон на стресот“ и го зголемува производството на колаген, протеинот што ја прави кожата поеластична поубава и помазна.
Постојано сте намќорести и немате трпение
Намќорести сте, сè ве нервира и немате трпение…
Можеби би требало да размислите дали нешто ви недостасува во сексуалниот живот. Јасно е дека добра акција веднаш би можела да ви го поправи расположението.
Не се грижите за интимниот изглед
Заборавивте кога последен пат сте биле на депилација? Знаете дека нема потреба да се оптоварувате со интимниот изглед затоа што и онака нема кој да ве види.
Постојано сте подготвени за кавга
Кај луѓето што немаат доволно секс забележително е дека се понервозни и полесно избувливи.
Доколку забележувате дека постојано сте подготвени за кавга, можеби е време да му посветите малку повеќе време на интимниот живот.
Недостаток на самодоверба
Забележувате дека постојано сте несигурни, немате доволно самодоверба, постојано правите грешки.
Добриот секс освен што го подобрува расположението, ја поткрева и самодовербата, затоа можеби пред да барате друг поголем проблем, добро би било да се преиспитате дали сте биле доволно активни на интимен план.
Сакате да му се јавите на бившиот што ве повредил
Постојано мислите, па дури и сакате да му се јавите на поранешниот што ве повредил и ви го скршил срцето, но бил добар на друг план.
Тоа е сигурен знак за она што моментално ви недостасува – сигурно не барате да ви изјави неизмерна љубов.