ПРОВЕРЕТЕ НАВРЕМЕ Недостатокот на овој витамин доведува до срцеви заболувања, еве каде го има најмногу

popara15 март, 20231min00
Screenshot_3

Витамините и минералите имаат значајна улога во одржување на нивото на енергија и намалување на ризикот од разни болести.

 

 

 

Тие учествуваат во неколку телесни функции како помагање во борбата против инфекции, зајакнување на коските, брзо зараснување на рани и регулирање на хормоните во организмот.

 

Витаминот Б12 има многу важни функции во телото, а некои од нив се тоа што помага во производство на црвени крвни зрнца, го поддржува нервниот систем и се бори против уморот. Ниското ниво на овој витамин им штети на овие процеси, што со себе носи и одредени последици.

 

Еден од главните знаци на недостаток на овој витамин во нашиот организам е долготрајниот умор кој не се намалува без разлика колку одмор му овозможувате на вашето тело. Тој особено може да биде поизразен наутро, кога ќе се разбудите по добар сон и набрзо сфаќате дека сè уште сте уморни.

 

Истражување спроведено над илјада пациенти во Англија, објавено во „British Journal of Nursing“ покажало дека пациентите кои имаат недостаток на Б12, имаат голема варијација на симптоми, но овој симптом бил поприсутен од сите останати.

 

Според податоците на студијата, 96 отсто од испитаниците пријавиле „невообичаен умор“ додека 86 отсто од нив изјавиле дека се „будат уморни“.

 

Останатите показатели вклучуваат глоситис – воспаление на јазикот, опаѓање на косата, афти во усната шуплина или замаглен вид.

 

Симптомите на недостаток на витамин Б12 не треба да ги игнорирате. Иако многу симптоми можат да се решат со неговиот внес, доколку тоа не го направите навреме, поединечни проблеми можат да бидат трајни.

 

Како природно да внесете витамин Б12?

 

Некои од најдобрите извори на витамин Б12 се говедско месо, свинско месо, шунка, живина, јагнешко месо, школки, ракови, млечни производи како млеко, сирење и јогурт, како и јајца. Обогатените житарки исто така можат да ви обезбедат доволна количина од оваа хранлива материја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma