Ја нарекуваат џебната Венера, а како не кога Ева Лонгорија (48) каде и да се појави секогаш привлекува воздишки и погледи.
Глумицата од Тексас ја воодушеви публиката со својата насмевка во Марбела на југот на Шпанија, каде што се одржа манифестацијата Gift Gala.
За таа прилика се одлучи за црн фустан со прерамки, кој е синоним за елеганција, со длабоко деколте и златна тока на него.
Некои би рекле дека открила премногу, но Ева знае каде е границата на добриот вкус. Таа ги откри своите атрибути доволно за да ги заинтригира присутните, а сепак тоа е еден вид стандардна елеганција.
Фустанот има отворен грб, кој Ева стилски го прилагоди на летните денови.