Многу мажи се паѓаат од замор после сексот, додека нивните партнерки би сакале да се галат, разговараат и да ги анализираат страсните активности. Затоа за многу жени, корелацијата помеѓу сексот и спиењето е една од најиритирачките ситуации во романтичната врска, а често и причина за несогласувања.
Ако после водењето љубов чувствувате потреба за галење, прегратки и допири, а на партнерот му се спие, науката вели дека тој има многу добри причини за тоа.
Покрај потрошувачката на енергија, причините се поврзани и со хормоните, оргазмот и други хемиски процеси во телото на мажот, а во остатокот од текстот можете да проверите што ги испраќа мажите од женската прегратка во „земјата на соништата“, пишува „Zadovoljna.hr“.
- Потрошувачка на енергија
Првата и најважна причина е потрошувачката на енергија, која често е почеста кај мажите отколку кај жените. Од сексуалните дејствија, преу галењето, до специфичните активности под јорганот, мажите ја вложуваат целата своја енергија во интимните движења и трошат огромни количини енергија.
- Ослободување од стресот и напнатоста
Уште една причина за ослободувањето од стресот, напнатоста и стравот што се јавува за време на оргазам. За разлика од жените, мажите доживуваат оргазам речиси за време на секој секс, па затоа имаат и поголема потреба за сон, поради поинтензивна релаксација после секс.
- Биохемија на оргазмот
За време на ејакулацијата, мажите ослободуваат „коктел“ од хемикалии во мозокот, вклучувајќи норепинефрин, серотонин, окситоцин, вазопресин и хормонот пролактин. Хормонот пролактин е тесно поврзан со спиењето, што е една од причините зошто мажите заспиваат веднаш по сексот.
- Неконтролирано дишење
Мажите за време на сексот, особено оние побрзите и поинтензивните, го потиснуваат дишењето или дишат многу побрзо, поради што во организмот влегува помалку кислород од вообичаено. Ова е и една од причините зошто повеќето мажи се чувствуваат уморно после секс.
- Мажите не сакаат да ги анализираат своите искуства
Жените имаат потреба да ги анализираат своите искуства, додека на мажите им е сосема доволно да ги живеат. Ако мажот не е добар комуникатор во моментите кога очекувате да биде, тоа може да создаде чувство на лутина, а во некои ситуации и вина. Затоа е важно да се земат предвид длабоките разлики помеѓу машкиот и женскиот мозок и да се обидеме да ги гледаме со разбирање.