Овој кармин е апсолутна класика и и стои на секоја жена
На жените со потенки усни подобро им одговараат посветли нијанси на црвен кармин со сјај, бидејќи така усните ќе изгледаат пополно, а дополнително ќе ги откриеме другите тајни на црвениот кармин.
Светло црвена за бринети
Бринетите со темни очи можат да поднесат широк спектар на шминка.
– За Селена користев светло црвен кармин со сјаен ефект и зелен ајлајнер – вели познатиот шминкер Александар Џикиќ.
Во спротивно, додава тој, одете да купите црвен кармин дури откако ќе го процените подтонот на вашиот тен. Тонот на кожата покажува дали кожата е посветла или потемна. Има светол, среден и темен тон на кожата, додека подтонот може да биде ладен, топол или неутрален.
– Одредете го подтонот така што ќе ставите бела хартија до лицето. Потопол тон значи дека лицето изгледа жолтеникаво покрај белата хартија. Потоа користете портокалови, цигла и корално црвени нијанси. Ако покрај белата хартија вашето лице изгледа синкасто, виолетово или црвеникаво, тогаш изберете нијанси кои влечат кон маслинеста, односно имаат малку повеќе розова и сина боја во себе. Неутрален тон значи дека лицето изгледа розево и жолтеникаво покрај белата хартија. Тоа е најдобрата варијанта, се ви стои.
Црвениот кармин и дава на секоја жена уникатност, елеганција и карактер. Важно е само да се следат одредени правила.
Малина за русокоси и светол тен
Александар Џикиќ, шминкер, тврди дека црвениот кармин и дава на секоја жена елеганција и карактер. Важно е само да се следат одредени правила. Ако носите црвен кармин, вашите очи мора да бидат малку нашминкани, по можност во пинап стил.
– За русокоси користам нежна малина за да го истакнам светлиот тен и светлата коса – објаснува тој. На жените со потенки усни повеќе им одговараат посветли нијанси на црвен кармин со сјај бидејќи тоа ќе направи да изгледаат пополни. На среќните жени со пополни усни повеќе им одговараат потемни нијанси. Не заборавајте на стариот трик со марамче, кое може да послужи како филтер за сетирање на карминот.
Пурпурна за драматичен изглед
– За црвенокоси бирам виолетова нијанса на црвен кармин во комбинација со зачадени очи. Така ги истакнав карактерот и драматичноста – вели шминкерот.
Погрижете се, додава тој, бојата на карминот да одговара на бојата на вашите заби. Потемните бои ги прават забите побели, а посветлите ги потемнуваат. Исто така, со премногу светол тен, коралниот црвен кармин може да биде пренападен и може да направи да изгледате измиено.
– Ви препорачувам да користите долготрајни кармини кога ќе се одлучите за силни нијанси, но претходно задолжително почестете ги усните со балзам за карминот да не ги исуши. За која нијанса и да се одлучите, никогаш не заборавајте дека вие ја носите, а не таа вас.