Кога Хејли Бибер го менува маникирот, тоа го буди интересот на многу жени во светот. Откако нејзиниот маникир како glazed donut стана мега-вирален, вклучувајќи ги и стиловите на чоколадо и јагода, Хејли стави акцент на нејзините нокти.
На левата рака има француски со бели точки и розова подлога на ноктот на малиот прст, намачкани нијанси на виолетова помешана со жолта на ноктот на домалиот, виолетов француски со розова позадина и жолти точки во средината на ноктот на средниот прст, додека на ноктите на показалецот и палецот се жолто-бел француски и бел со розови точки.
Дефинитивно, Хејли се залага за психоделичен летен стил кој е поздравен од жените и девојките ширум светот.