ПУДИНГ ОД ТИКВА: Совршен за да влезете во празничното расположение

popara2 декември, 20231min00
Pumpkin,Spices,Pie,Pumpkin,Milkshake,With,Whipped,Cream.,Toning.,Selective

Доколку сте љубители на тиква, ванила и цимет, сигурно ќе уживате во ова задоволство.

Состојки:

– 1 литар млеко
– 200 гр шеќер
– густин од 100 g
– 2 кесички ванилин шеќер
– зачин цимет по вкус
– 600 гр пире од тиква

Декорација:

– 1 кесичка шлаг
– 150 мл ладно млеко
– 2-3 лажици пире од тиква
– мелен цимет

Подготовка:

Растворете го згуснувачот во 2 dl млеко. Во тенџерето истурете го остатокот од млекото, додадете шеќер и почекајте да зоврие. Истурете ја изматената смеса и варете на пониска температура околу пет минути со постојано мешање.

Додадете ванилин шеќер, цимет и пирето од тиква. Измешајте и истурете во чаши.

Се лади на собна температура, па во фрижидер. Украсете со пире од тиква, шлаг и цимет.

Пире од тиква – подготовка:

Пире од тиква ќе направите така што 600 гр исчистена тиква ќе исечете на ситни парчиња, ќе ја ставите во тенџере, ќе налеете малку вода (1дл) и ќе ја готвите на средна или ниска температура околу петнаесетина минути, односно додека не омекне тиквата, а водата не испари.

Ако остане малку вода, исцедете ја и сварената тиква испасирајте ја со миксер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag