Во секоја врска постојат некакви проблеми и тоа не е страшно доколку разговарате за нив и ги решавате. Најголемите проблеми се појавуваат кога ги игнорирате проблемите кои со текот на времето стануваат поголеми.
Иако некои работи можат да се премолчат, постојат проблеми за кои сепак е подобро да разговарате со партнерот.
- На секоја средба се препирате
Со овој проблем многумина се соочуваат, а решението за него е многу едноставно, направете пауза. Не станува збор за пауза од врската туку од времето кое го минувате заедно. Веројатно толку често сте заедно што повеќе нема за што да разговарате па полесно ви е да најдете причина за кавга отколку за нормален разговор.
- Не го прифаќате мислењето на партнерот
Ако немате отворен ум кон сугестиите на вашиот партнер тоа значи дека не ги поддржувате неговите ставови и мислења. Се разбира дека не мора за с да се согласувате, но отвореноста кон сугестии и совети не штети.
- Не се забавувате како порано
И додека претходно врската ви беше исполнета и забавна, сега сте навлезени во досадна рутина. Тоа на сите им се случува и не е нешто страшно, но треба да поработите на враќањето на авантуризмот во врската за да не се заситите еден од друг, па да барате среќа во други луѓе.
- Дозволувате други да влијаат на вашата врска
Во ред е да се послуша туѓото мислење, но не треба да дозволите тоа да ве обликува и да ја одредува иднината на врската. Вие двајцата сте одговорни за вашата врска, никој друг, дури ни вашите родители.