Работи кои НЕ ТРЕБА ДА ГИ ПЕРЕТЕ во машина за перење: Ризикувате да ја уништите облеката

popara27 ноември, 20231min00
e63ba56529c40908accb56a50f7a77767a6656d7

Перењето алишта за време на студено време некако станува поретко, со оглед на тоа колку време е потребно да се исуши облеката (освен за оние кои поседуваат машина за сушење). Сепак, тоа не е единствениот проблем! Некои парчиња облека не треба ни да ги ставате во машината, бидејќи само ќе ги уништите. Дали знаете која облека никогаш не треба да се пере во машина за перење?

Градници

На прво место се градниците. Како прво, жиците можат да го оштетат барабанот, а затворачите може да ја искинат облеката што се пере заедно со градниците. Исто така, квалитетот на градникот може да се намали без да сте направиле ништо. Затоа е подобро градниците да ги перете рачно.

Вратоврски

Повеќето вратоврски се направени од чувствителни материјали, па при брзо перење во машина, вратоврските може да ја изгубат формата или да извалкаат друга облека. Рачно измијте ги вратоврските или однесете ги на хемиско чистење.

Облека со декорација

Пред да ги ставите во машина, закопчајте ги панталоните, фармерките, кошулите… Патентите и копчињата може да се заглават во машината и да ја оштетат облеката при перење. Што се однесува до облеката со украсни елементи, без разлика дали се работи за светки, мониста или камења, не ги перете во машина за перење, туку на рака за да не се заглави или оштети машината.

Свилена облека

Повеќето предмети од свила бараат хемиско чистење (или барем нежно рачно миење), бидејќи високите температури и центрифугата може да ја уништат деликатната ткаенина. Свилената облека лесно може да се кине или да ја изгуби својата форма. Затоа е подобро да се мие рачно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma