Работи кои не треба да ги чувате во спалната соба: Според ФЕНГ ШУИ филозофијата, тие можат да ви донесат несоница и лошо расположение

popara1 февруари, 20231min00
cf366df76c9d5da9056f98973d71956f809baa41

Ништо не треба да ви го нарушува мирот и спокојството

Спалната соба треба да претставува оаза на мирот и спокојството – место каде ќе се одморите и физички и психички и ќе ја обновите енергијата и затоа мора да биде соодветно уредена, истакнуваат експертите за фенг шуи. Според ова правило, некои работи се апсолутен вишок во спалната соба – можат да го нарушат енергетскиот баланс и лошо да влијаат на вашата психичка состојба, расположение и квалитетен одмор и сон.

Премногу зеленило

Иако живите растенија се многу пожелни во просторот за живеење, вклучително и во спалната соба, не треба да претерувате, бидејќи фенг шуи пропагира дека растенијата можат да испуштаат одредени фреквенции на енергија што може да го нарушат вашиот сон. Препорачуваме едно, до максимум две растенија во просторијата каде што спиете.

Непријатни и силни мириси

Местото каде што спиете мора на некој начин да биде изолирано од мириси, како што се мириси на влага, мириси од кујна или хемикалии за чистење на куќата, па дури и силни парфеми. Се предлага спалната соба да се држи затворена при чистење на остатокот од станот со агресивни средства и добро да се проветрува пред спиење, а потоа да се запали ароматична свеќа со пријатен мирис.

Премногу работи во спалната соба

Според советите на експертите за фенг шуи, спалната соба НИКОГАШ не треба да биде преполна со работи и мебел. Вишокот на работи одзема енергија – и на физички и на емоционален план и создава чувство на вознемиреност, а често може да се случи чувството на осаменост и меланхолија да се појави пред спиење. Значи, вашата спална соба треба да биде минималистичка, со што помалку детали и ситници или непотребни парчиња мебел што ги чувате таму само за декорација.

Складиште под креветот

Просторот под креветот е погодно место за многу луѓе да складираат вишок работи, но во никој случај тоа не е добро. Еден куп работи под местото каде што спиеме испушта многу лоша енергија и може да предизвика неквалитетно и лошо спиење, а може да предизвика и предвремено будење и лоши соништа. Совет е, ако не можете да се ослободите од вишокот работи, дефинитивно најдете им ново место за складирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag