Работи кои никако не треба да ги фрлате: Се верува дека така ја уништувате шансата за среќа

popara29 ноември, 20231min00
32d5e2dc3ae3cfa81ae67f8ff598188418fe98da

Старите народни верувања, кои многумина се уште ги почитуваат, велат дека никако не треба да фрлате одредени предмети од домот. За разлика од оние од кои треба што побрзо да се ослободите, се смета дека овие работи ја задржуваат добрата енергија во домот. Затоа потрудете се овие пет работи никогаш да не ги исфрлите од дома.

1. Леб

Во многу култури, вклучувајќи ја и нашата, лебот се смета за света храна. Симболизира среќа и благосостојба, па затоа е забрането да се фрла. Подобро е да се исуши и да се дадат трошките на птиците, отколку да се фрлаат парчиња леб.

2. Сол

Солта се третира исто како и лебот. Освен тоа, не се советува никому да ја позајмувате, бидејќи така благосостојбата ја напушта куќата.

3. Фотографии

Можете да ги уништите само оние фотографии кои ги прикажуваат вашите непријатели и под услов да не сте со нив на фотографиите. Во спротивно, ризикувате да привлечете болести и други проблеми.

4. Часовник

Часовникот е енергетски поврзан со сопственикот и може сериозно да му наштетите на личноста чиј часовник го уништувате. Можете да ги фрлите само оние часовници што не можат да се поправат.

5. Паричник

Паричникот е финансиски талисман, па дури и ако е безвреден, не го фрлајте. Кога купувате нов паричник, чувајте го дома неколку дена, а потоа постепено префрлајте пари во него, полека прекинувајќи ја врската со стариот паричник. Чувајте го во куќата колку што можете повеќе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag