Ако сте љубители на компири, тогаш можете да направите еден на ражен. Не само што изгледа интересно, туку има и фантастичен вкус.
Состојки:
компир
мелен бибер
мелена лута пиперка по желба
мелен пипер
3 чешниња истолчен лук
масло
стапче за ражнич
Подготовка:
Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Посипете ги со зачини или сол, додадете бибер, пипер и масло. Измешајте сè и прободете ги круговите компир на стапчето за ражнич.
Обложете една тепсија со хартија за печење и ставете ги компирите. Истолчете го лукот, додадете две лажици вода, убаво измешајте и прелијте ги компирите.
Попрскајте со уште малку масло. Печете на 220 степени 30 минути.
Совет:
При сервирање, на секоја чинија ставете по еден ражнич од компир како прилог или со месото.