Воведувањето новина во вашиот сексуален живот е секогаш добредојдено, бидејќи ја разбива монотонијата и помага да се разгори страста. Доколку ви треба малку инспирација за нови игри во кревет кои ќе ја зголемат возбудата, имаме три предлози.
Пробајте ги овие три пози во кои уживаат и двајцата партнери:
Поза “лазања“
Позата е малку изменет доги стил. Во овој случај, жената лежи на стомак, а мажот е над неа со поголемиот дел од телото. Бидејќи изгледаат како наредени кори од лазањи, оттука позата го добила името. На овој начин се зголемува чувството на блискост на партнерот, а за подлабоко продирање жената треба да стави перница под колковите.
Поза “шамрок шејк”
Ова е обратна поза на каубојката, но малку зачинета. Мажот лежи на грб, а жената седи свртена кон него. Сексолозите велат дека сексот во оваа поза дополнително ги возбудува и двајцата партнери. Мажот, затоа што може да го види задникот на жената како се движи горе-долу, а жената затоа што мажот ја гали по градите, стомакот, грбот. Таа го контролира односот и може да го диктира темпото што и одговара.
Поза “крупен план”
Одличен избор на поза доколку сакате поголема интимност за време на сексот. Мажот треба да седне на креветот со нозете пред себе, жената свртена кон него на ист начин и да за се приближат така што ќе бидат испреплетени. Жената е малку над мажот и може да го контролира темпото и длабочината на пенетрација. Можат постојано да се бакнуваат и галат, што создава дополнителна возбуда и кај двајцата.