Џенифер Анистон е снимена како излегува од теретана во Лос Анџелес.
Носеше црни хеланки, црн горен дел со натпис „Stand Up To Cancer“ и апостолки. Не беше нашминкана, а косата ѝ беше пуштена.
Многумина сметаат дека 54-годишната актерка има завидна фигура и е во топ форма.
Анистон посветува посебно внимание на тренинзите бидејќи пред неколку години го повреди грбот. Таа своевремено откри дека сега ужива во лесни вежби.
– Се будам неколку часа пред работа само за да правам кардио вежби. Бев убедена дека морам да имам болки или да сум на работ да се онесвестам, но сето тоа беше погрешно. Забележав дека некои делови од моето тело сега се убаво дефинирани, што порано не беше случај – признала познатата актерка откако почнала да применува полесни тренинзи.