Новото момче на поп-ѕвездата Тејлор Свифт, американскиот фудбалер Тревис Келси, уживаше во тричасовниот концерт на својата девојка на стадионот во Буенос Аирес во придружба на нејзиниот татко.
Додека ја напушташе сцената, Тејлор им мавна на толпата пред да истрча во прегратките на насмеаниот Келси за прегратка и бакнеж. Во тој момент од толпата избувнаа свирежи, аплаузи и извици на поддршка. Сето тоа може да се види од веќе виралното видео објавено на социјалните мрежи.
Двојката остана во романтична прегратка, нишајќи се напред-назад неколку секунди, пред да се разделат и да влезат во приватен шатор.
GUYSSSSSW pic.twitter.com/sVB6Z9RwGw
— vero 🩵 eras tour 🇦🇷 9/11, 10/11 & 11/11! (@inyourcardigan) November 12, 2023
Публиката беше убедена дека Тејлор цело време додека траеше настапот го гледала своето момче, но веќе немаше никаков сомнеж кога направи значителна промена во текстот на песната „Karma“, која ја изведе последна.
„Karma is the guy on the Chiefs, going straight home to me“, пееше таа низ смеа, менувајќи ја оригиналната реплика „Karma is the guy on the screen“.
Ѕвездата на американскиот фудбал во петокот наутро пристигна во Аргентина со приватен авион за да ја поддржи на концертот.