По две години врска, Камила Кабело и Шон Мендес се разделија за прв пат во 2021 година, а во април оваа година, парот се појави да ја обнови својата романса додека се бакнуваше во Коачела. Иако тие двајца често беа видени заедно во Њујорк и Лос Анџелес, информациите за нивното раскинување повторно се појавија во јуни. Мислеа дека ќе им успее, но се чини дека тоа беше само занес и причината за првата пауза доби смисла.
Мендес објави и нова песна наречена „What the Hell Are We Dying For“ која содржеше текстови кои можеби алудираат на нивното раскинување. Но, Мендес рече дека се чувствува збунето и дека се уште се пронаоѓа себеси и за тоа всушност пеел. Тој исто така вели дека му треба време за себе, дека сè уште расте и открива што навистина сака и дека му треба време да се посвети на тоа.
Двојката за прв пат ја покажа својата хемија во 2019 година во спотот за песната „Senorita“, а пред тоа беа долгогодишни пријатели. Шон и Камила започнаа врска во јули 2019 година, а на почетокот на пандемијата се преселија во заеднички дом. Според изворите, тој период премногу се фокусирале на врската, а не на музиката, која всушност е нивната најголема љубов. Тие раскинаа во пресрет на Божиќ 2021 година и ги шокираа обожавателите. Причината за паузата била, велат, желбата повеќе да се фокусираат на кариерата. По раскинувањето и двајцата се обиделе да имаат врски со други луѓе, но наводно сепак имале чувства еден за друг, но изгледа на крајот не им успеало.