Расел Кроу откри дали ќе игра во новиот „Гладијатор“

popara31 март, 20231min00
rasel-krou-iz-gladijatora-830x0

„Сигурен сум дека во одреден момент ќе сакаат да ме прашаат за нешто, но немаат спомнато ништо подолго време“, рече Кроу.

Новата верзија на „Гладијатор“, како што е познато, се снима на големо, а главната улога ќе ја толкува Пол Мескал, ликот на Луциус, внукот на Комодус, кој го толкуваше Хоакин Феникс.

Расел Кроу, кој во првиот дел го толкуваше ликот на гладијаторот Максимус, нема да биде дел од продолжението, како што потврди гостувајќи во „The Ryan Turbidy Show“.

„Сигурен сум дека во одреден момент ќе сакаат да ме прашаат за нешто, но немаат спомнато ништо подолго време“, рече Кроу, продолжувајќи:

„Тоа е продолжување на наративот, но е многу повеќе од смртта на Максимус, така што воопшто не ме вклучува мене“, рече актерот.

Што се однесува до Пол Мескал, Расел му посака многу среќа со овој проект.

„Мислам дека оттаму ја преземаат приказната, младиот Луциус влегува во улогата на император. Мислам дека тоа е многу паметна идеја во светот на филмот што го создадовме“, рече Кроу.

Иако не е вклучен во проектот, Расел рече дека многу од неговите пријатели најверојатно ќе работат на филмот, додавајќи: „Веќе познавам дизајнери и кожари кои прават оклопи и слични работи, не сакам да се задржувам премногу на тоа бидејќи ме враќа назад во времето кога бев очигледно многу помлад. И знаете, розовите очила од тоа искуство сега се совршено искристализирани“, призна Кроу, додавајќи:

„Постои мала количина на љубомора да луѓето го доживеат искуството кое јас некогаш го имав“, рекол актерот, а пренесува „ејли Мејл“.

Освен Пол Мескал, во продолжението на „Гладијатор“ ќе играат Дензел Вашингтон и Бери Кеоган, но засега не се знае кои улоги.

„Парамаунт“ веќе објави датум за прикажување на вториот дел, во режија на Ридли Скот, за 22-ри ноември 2024 година иако не е јасно кога би можело да започне снимањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag