Раскинувањето по порака е се почесто: Иако е непристојно, психолозите велат дека во овие ситуации е прифатливо

popara6 октомври, 20231min00
63667_raskid-zena-shutterstock-1962210466_f

Раскинувањата никогаш не се лесни и во нив е важно не само да се грижите за себе, туку и да се однесувате со почит кон другата личност. Разговорот лице в лице е најздрав, телефонскиот повик е следното најдобро нешто, а раскинувањето по СМС е прифатливо само во некои ситуации, велат психотерапевтите и експертите за врски.

1. Сте излегле само еднаш или двапати

Ако штотуку почнавте да се гледате и се чувствувате како да не оди никаде, не мора да одите на втор состанок само за да кажете дека не сакате да продолжите. Експертот за врски Сузан Тротер вели дека тогаш е во ред да и испратите едноставна, јасна порака на другата личност, како: „Благодарам за состанокот. Мило ми беше што те запознав, но не чувствувам дека можеме да имаме романтична врска. Ти посакувам се најдобро.”

2. Раскинувањето е заеднички договор

Кога и двајцата сакаат да раскинат и да продолжат понатаму, сосема е во ред тоа да се направи преку СМС. „Пораката што објаснува зошто врската завршила е секогаш полесна за оние кои знаат дека нема враќање назад и сакаат да избегнат драма“, вели Аура Де Лос Сантос, клинички и образовен психолог. Но, дури и да се согласат двете страни, важно е пораката да биде јасна и директна.

3. Загрижени сте за вашата безбедност

За жал, некои врски се токсични и во тие случаи, СМС пораката може да го обезбеди потребното ниво на сигурност, вели адвокатот за развод и експерт за семејно право, Лаура Васер. „Во односите со непредвидлива или насилна динамика, раскинувањето лице в лице може да биде штетно за вашата емоционална и физичка благосостојба. Запомнете, вашата благосостојба секогаш е на прво место“, додава таа, а пораката потоа треба да биде кратка и едноставно, велејќи дека не сакате повторно да ве контактираат.

4. Далеку сте еден од друг

Ако не живеете блиску и ретко се гледате, па повеќе не сте среќни во врската, раскинувањето преку пораки е во ред, објаснува експертот за врски Џери Брук. „Никој нема да патува стотици километри само за да му каже на другиот дека е готово и и двајцата ќе можат да продолжат со својот живот“, вели тој.

5. Вашето ментално здравје е загрозено

Без разлика дали сте во врска долго време или штотуку сте започнале, најважно е да се грижите за себе. И кога врската влијае на вашето ментално здравје, можеби е време да направите чекор назад. „Кога чувствувате дека некој ја преминал границата, имате целосно право да го направите она што треба да го направите за да се грижите за себе“, вели Одри Хоуп, експерт за односи и сертифициран советник за зависност и траума. Тогаш пораката е прифатлива, како и во ситуации кога е тешко да се комуницира со партнерот за желбата за раскинување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma