Редовниот и добар секс може да го намали крвниот притисок и е исто толку ефикасен како и земањето лекови, покажа истражувањето спроведено на Државниот универзитет во Џорџија, пишува „Daily Mail“.
Во истражувањето учествувале луѓе кои носеле монитори за мерење на отчукувањата на срцето за време на сексот, а истражувачите го оценувале интензитетот на оргазмот од 66 до 106, а просекот бил 87.
Луѓето кои имале секс, ден потоа имале 13 отсто понизок крвен притисок, објавиле научниците, па ова е всушност доказ дека сексот делува како апче за притисок.
„Колку е подобар и поинтензивен оргазмот, толку е помал крвниот притисок ден по водењето љубов“, потврдија истражувачите од Државниот универзитет во Џорџија, со што докажаа дека овој интимен чин поволно влијае на здравјето.