Редовното консумирање може да придонесе за побрзо стареење на КОЖАТА: Избегнувајте ги овие видови на пијалоци

popara8 јануари, 20231min00
Screenshot_8

Постојат пијалоци кои создаваат и оставаат долгорочни последици и поради кои кожата старее многу побрзо. Нема креми или тоници кои ќе го отстранат овој ефект. Додека водата, природните сокови, овошјето и рибата богата со здрави масти го забавуваат стареењето, постојат производи и пијалоци кои тоа го забрзуваат.

 

 

 

 

Колку што водата е важна за здравјето, толку е важна и за изгледот на кожата. Велат дека убавината доаѓа одвнатре и затоа треба да се внимава што се пие. – Доколку сакате да имате сјајна, блескава и хидрирана кожа внимавајте – алкохолот нема да помогне во тие настојувања, туку обратно.

 

Во зависност од тоа што внесувате во вашето тело, вашата кожа ќе старее според вашиот избор. Затоа е многу важно да внимавате што јадете и пиете, а тоа е добра вест бидејќи значи дека може да се контролира брзината со која ќе се менува кожата со текот на годините.

 

Според студиите, пијалокот од кој кожата најбрзо старее е алкохолот, пред се затоа што влијае на хидратацијата и на црниот дроб. Ова се двата најголеми фактора за здравјето на кожата кои се менуваат со возраста.

 

Вашата кожа станува потенка и посува како што стареете, а надворешните фактори можат да го забрзаат тоа. Поради тоа што алкохолот има дехидрирачко дејство, кожата побрзо ќе старее доколку се пиете често и подолго време.

 

Студијата објавена во списанието Nature покажува дека големите количини на алкохол кај мажите кои редовно пијат предизвикуваат проблеми со спиењето. Истражувањата покажаа дека проблемите со спиењето доведуваат до побрзо стареење на кожата. Се покажало и дека поради лошиот сон не можеме да се регенерираме, а знаците на стареење се уште повидливи

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag