Редовното консумирање на ореви може да помогне во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања и дебелина

popara8 јули, 20231min00
Screenshot_5

Оревите се јатки што често ги среќаваме во нашиот регион. Кај нас постои традиција на употреба на оваа намирница и во овој текст ќе укажеме на неколку важни причини зошто треба да ја задржиме оваа навика.

 

 

 

 

Оревите не само што ни обезбедуваат макронутриенти, како што се мастите (во облик во кој што не му штетат на организмот, напротив) и протеините, туку тие се богати и со микронутриенти кои се од есенцијално значење за организмот како витамини, минерали, па и растителните влакна. Во последните декади, научниците се доста заинтересирани за составот на оревите и бенефитите од таквиот состав, па затоа се направени низа од истражувања кои даваат доста интересни и корисни информации.

 

 

 

1) Богат извор на антиоксиданти

 

 

Докажано е дека оревите имаат највисоко антиоксидативно дејство помеѓу сите јаткасти плодови. Ваквата активност, генерално се должи на витаминот Е, мелатонинот и растителните компоненти наречени полифеноли. Полифенолите се наоѓаат во кожичката со која е прекриен јаткастиот плод.

 

Една студија која што е во почетна фаза и се занимава со оксидативниот стрес по оброците кај здрави индивидуи, укажува на тоа дека консумирањето на ореви го превенира оксидативното оштетување на LDL холестеролот по оброците, додека рафинираните масла, не покажувале таков ефект.

 

Ова е значајно бидејќи LDL или народски кажано ,,лошиот” холестерол, кога оксидативно ќе се оштети, склон е на тоа да се наталожува во крвните садови. Таквото таложење може да води до посериозни состојби, како што се артеросклероза и срцев или мозочен удар во крајна линија.

 

 

 

2) Богат растителен извор на омега 3 масни киселини

 

 

Оревите имаат значително поголемо количество на омега 3 масни киселини од сите други јатки. Околу 10g na 100g ореви.

 

Омега 3 масните киселини се есенцијални масни киселини, што значи дека мораме да ги внесуваме преку нашата исхрана. Препорачаниот внес, на дневна база од оваа есенцијална состојка е 1,6g за мажи и 1,1g за жени. Овие есенцијални потреби можат да бидат обезбедени со еден оброк во кои се содржани оревите.

Некои студии одат до таму што укажуваат на намалување на ризикот од срцеви заболувања за 10%, доколку редовно консумираме oмега 3 масни киселини во препорачаните граници, секој ден.

 

 

 

3) Оревите може да ги намалат воспалителните процеси и да помогнат во одржување на корисната цревна микрофлора

 

 

Воспалителните процеси во организмот може да бидат резултат на оксидативниот стрес. Тие се коренот на повеќе заболувања, вклучувајќи ги тука: срцевите и кардиоваскуларните заболувања, дијабет тип 2, Алцхајмер и рак. Полифенолните соединенија кои се содржат во оревите можат да помогнат во борбата со оксидативниот стрес и воспаленијата, особено една подгрупа на полифенолни соединенија, наречени елагитанини.

 

Елагитанините, според студијата која се занимава со оваа проблематика, се претвораат од присутната корисна микрофлора во желудникот, во уролитини. Уролитините пак, според истражувањата директно учествуваат во борбата со воспаленијата. Повеќе студии укажуваат на тоа дека консумирањето на ореви го стимулира развојот на корисната цревна микрофлора. Неесоодветниот состав и состојба на микрофлората можат да ја зголемат опасноста од воспалителни процеси во организмот, кои пак, на долг рок, водат кон опасни заболувања.

 

Омега 3 масните киселини, магнезиумот и амино киселините како аргинин, кои се дел од составот на оревите, помагаат исто така во превенција и намалување на инфламаторните процеси.

 

 

 

4) Можат да го намалат ризикот од некои типови на канцер!

 

 

Повеќе студии направени на животни и луѓе ни даваат резултати кои укажуваат на тоа дека јадењето ореви може да го намали ризикот од некои типови на канцер, како што се канцерот на дојка, простата и дебело црево. Антивоспалителните соединенија кои веќе ги споменавме, можат да помогнат во превенција од рак на дебело црево преку своето анти-инфламаторно дејство во дигестивниот систем.

 

Исто така, уролитините имаат форма налик на хормони, па можат да блокираат некои хормонски рецептори во организмот. Ова може да помогне за намалување на ризикот од канцери кои имаат поврзаност со хормоните, особено ракот на дојка и простата.

 

Постојат и други студии кои укажуваат на позитивниот ефект на оревите и при други типови на рак.

 

 

 

5) Оревите можат да помогнат во справувањето со дијабетес тип 2 и да го намалат ризикот за добивање на ова заболување

 

 

Oбзервационите студии укажуваат дека причината заради која оревите можат да допринесат за намалување на ризикот од тип 2 дијабет е тоа што тие помагаат во контролирањето на тежината (помагаат за контрола на апетитот и енергијата која е апсробирана од нив е за 20% помала отколку тоа што би се очекувало според составот). Зголемената телесна тежина, го зголемува ризикот од високо ниво на глукоза во крвта и хроничен дијабет.

 

Во контролна студија, 100 испитаници со дијабет тип 2 консумирале една лажичка ладно пресувано масло од ореви во временски интервал од 3 месеци (додека траело испитувањето, имале балансирана диета и употреб увале соодветни медикаменти). Нивото на шеќер во крвта (на гладно), се намалило за 8%, во однос на контролната група која не го консумирала маслото.

 

 

 

6) Го помагаат здравото стареење

 

 

Иако оревите имаат висока калориска вредност, тие се богат извор на есенцијални соединенија како витамините, минералите, растителните влакна, омега 3 масните киселини и други растителни компоненти кои стануваат се понеопходни со процесот на стареење.

 

Во студија која траела цели 18 години, биле испитувани 50 000 возрасни жени и научниците утврдиле дека здравите животни навики и правилната исхрана го намалуваат ризикот од физичката неподвижност за 13%. Оревите биле меѓу храната која имала силен импакт на она што значи правилна исхрана.

 

 

 

7) Оревите помагаат во одржувањето на доброто репродуктивно здравје кај мажите

 

 

Типичната западна исхрана, богата со процесирана храна, се поврзува со намалување на функцијата на спрематозоидите.

 

Јадењето на ореви може да помогне во подобрување на здравјето на спрематозоидите и општо, машката плодност. Ова го покажуваат некои студии, а потребни се повеќе истражувања за овие бенефити да бидат целосно потврдени.

 

 

 

8) Добри се за контролирање на маснотиите во крвта

 

 

Покаченото ниво на триглицеридите и LDL холестеролот, се поврзуваат со зголемениот ризик од срцеви заболувања.

 

Редовното консумирање на ореви се покажало како успешно во намалувањето на нивото на холестерол. На пример, во една студија која е неодамна објавена, 194 здрави индивидуи јаделе по 43g ореви дневно, во период од 8 недели. Нивото на холестерол и триглицериди во крвта кај оваа група било за 5% помало во однос на контролната група.

 

На овој начин, оревите можат да бидат од помош и за намалување на крвниот притисок, на што некои студии и укажуваат.

 

 

 

9) Добри се за здравјето на мозокот и неговото функционирање

 

 

 

Обликот на оревите кој потсетува на човечкиот мозок, можеби и не е случаен!

Преку своето анти-воспалително дејство, оревите можат да ги намалат оксидативните оштетувања на мозкот, со што може да го намалат ризикот од некои заболувања.

 

Во студија за Алцхајмер, која траела 10 месеци, за испитаници имала лабораториски глувци кои биле хранети со (6-9% од калориите) со ореви. Глувците имале значителни подобрувања во меморијата, способноста за учење и намалување на анксиозноста, во споредба со контроланта група. Студии се правени и на луѓе. Тие исто така укажуваат на позитивно влијание на оревите врз здравјто на мозокот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag