Режисерот Мартин Скорсезе е добитник на Златната мечка на Берлинале за животно дело

popara22 декември, 20231min00
-

Американскиот режисер Мартин Скорсезе е добитник на почесната Златна мечка за животно дело, која ќе му биде врачена на 74. Берлинале во февруари, објавија во четвртокот организаторите на познатиот филмски фестивал во Берлин.

„За секој што гледа на филмот како на уметност која е способна да ја обликува приказната за да биде во исто време универзална и лична, Мартин Скорсезе е ненадминат модел… Затоа е големо задоволство и чест за нас повторно да му посакаме добредојде на голем пријател на фестивалот и да му ја врачиме нашата најважна почесна награда“, се вели во изјавата на режисерите Мариет Рисенбек и Карл Чатријан.

Наградата ќе му биде врачена на американскиот режисер на церемонија на 20 февруари.

Најновиот игран филм на Скорсезе „Убијците на цветната месечина“ со Леонардо ди Капри во главната улога во моментов е во кината.

Берлинале, кој е еден од најважните светски филмски фестивали заедно со фестивалите во Кан и Венеција, ќе се одржи од 15 до 25 февруари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag