Апокалиптични модели, модели кои личат на бездомници, чанти во форма на вреќа чипс, па дури и шокантна кампања која се граничи со педофилија, јасно е дека креативниот директор на брендот Balenciaga, Демна Гвасалија, не престанува кога тој сака да предизвика реакција кај публиката.
Сепак, тој најави дека повеќе нема да се обидува да ја провоцира публиката и истакна дека ќе креира исклучиво „вистинска облека“.
Сега се прашуваме дали кломпи по цена од 8000 влегуваат во категоријата шокантни или е ова потег кој најавува помирни кампањи?
Инаку кломпите се составен дел од летната колекција и се покриени со бројни сини кристали.
Тие се направени од гума, а покрај овој модел кој го привлече вниманието на сите модни и мејнстрим медиуми, Balenciaga нуди и два „поевтини“ модели.
Едниот е од обична мат гума и чини 900 евра, а другиот имитира дрво, поточно гумата имитира изглед на полирано дрво и чини 1100 евра.
Што мислите за овој потег на познатата модна куќа?