Потребно е
1 кг компири
200 гр моркови
3 глави кромид
500 гр мелено месо
мешавина од суви зачини, бибер
Подготовка
На масло пропржете две ситно исечкани главици кромид, па кога ќе стане стаклен, додадете рендан морков и убаво измешајте. Додадете бибер и зачини и сè добро измешајте. Кога се ќе биде изедначено, додадете ги ренданите компири и убаво измешајте. Во тавата ставете половина од смесата со компири. На масло пропржете ситно сечкан лук. Додадете месо, сè добро измешајте, па додајте суви зачини и бибер. Подготвената смеса ставете ја врз компирите во тавата, а потоа ставете го остатокот од компирот да го покрие месото. Се пече во рерна на 220 степени додека компирот не добие убава златножолта боја.