Рендето го користиме скоро секој ден, НО ПОГРЕШНО? Скриен трик го олеснува процесот на рендање

popara2 април, 20231min00
rende-2048x1361

Вообичаена појава е секојдневно да користиме одредени работи, кои подоцна ќе испаднат дека се користат на поинаков начин, односно со малку имагинација и креативност можат да бидат повеќенаменски.

Еден од тие предмети е ренде, коe го има речиси секоја кујна. За многу популарни работи, особено при подготовка на храна, сфаќаме дека неправилно ги користиме, а меѓу нив е и рендето.

Сигурни сме дека често го користите овој уред, како за зеленчук, така и за сирење или дури и за некое овошје, а како го користите? Дали го држите исправено како и повеќето луѓе, или го знаете овој трик? Овде зборуваме за ренде со три, четири или повеќе страни.

Во видеото можеме да видиме дека всушност можеме да го држиме рендето хоризонтално, а не вертикално.

Советот е да го поставите рендето хоризонтално и наместо горе-долу, да го рендате кашкавалот лево-десно. Така ренданото ќе се собере внатре и нема да се растура наоколу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma