Ниту една ретроградна планета не успева да скрши толку срца како ретроградната Венера, што се случува приближно на секои две години и трае околу четириесет дена. Ова е планета на пари, романтика, задоволство, самопочит и основни вредности, го симболизира и начинот на кој даваме и примаме љубов.
Иако веројатноста за конфликт и повредени чувства е многу поголема од вообичаеното кога ова небесно тело е во ретроградна положба, моментите на ослободување, на простување, повторно поврзување и реализација што ги обезбедува се исто така магични.
Не плашете се, бидејќи оваа ретроградна Венера, ќе биде како лековитата напивка по која вашата душа копнее.
Венера ќе започне со ретроградната положба на 22 јули во знакот Лав и ќе биде до 3 септември. Овој фиксиран огнен знак ја добива својата сила од креативноста и самоизразувањето, бидејќи едноставно сака да биде виден и обожаван за она што го нуди.
Оваа ретроградна планета, би можела да открие несигурности кои долго време ве спречуваат вистински да се отворите со некого или да ја споделите вашата уметничка моќ со светот. Исто така, ќе ве поттикне да се запрашате дали се сакате себеси и дали сте сакани онака како што треба да ве сакаат, бидејќи веројатно на многумина од вас им недостигала љубовта што му е потребна на вашето срце за да преживее.
Венера е планетата на љубовта, па можете да очекувате во вашиот живот повторно да се појават поранешни партнери и стари пријатели, што може да ви даде шанса да си простите еден на друг. Сепак, тоа може да доведе и до недовршени врски кои продолжуваат таму каде што застанале.
Ретроградната Венера обично не се смета за добар момент за започнување нова врска, промена на изгледот или редизајнирање на простор.
Исто така, ретроградната Венера во Лав може да донесе преиспитување на нашата креативност или страст, подлабоко разбирање на желбите на нашето срце, преиспитување на врските во нашите животи, прекинување на врските, заздравување на срцето, смрт на егото, лекции за пари.