Рецепти за ПОСНИ ПАЛАЧИНКИ: Три многу едноставни начини на кои може да ги подготвите

popara16 декември, 20231min00
b3b2fc9607695b5d483c0d155955c93ad95b9aa8

Палачинките се меѓу најевтините задоволства со најдобар вкус. Основни состојки влегуваат во тестото за палачинки, вклучувајќи јајца и млеко. Бидејќи Божиќниот пост е во тек и повеќето луѓе го следат, ви предлагаме да направите посни палачинки. Ви ги пренесуваме 3-те најдобри рецепти. Ако сакате да бидат воздушести, тогаш заменете ги јајцата и млекото со кисела вода, сок од јаболко или чај. Уживајте во вкусот!

Посни палачинки со кисела вода

Состојки:

550 мл кисела вода
220 гр брашно
1 лажица шеќер
прстофат сол
3 лажици масло

Во сад измешајте просеано брашно, шеќер и сол. Потоа истурете ја киселата вода, а потоа маслото. Измешајте ги сите состојки и испржете ги палачинките.

Посни палачинки со сок од јаболко

Состојки:

100 мл сок од јаболко
420 ml вода
250 гр брашно
10 гр прашок за пециво
3 лажици шеќер
1 лажичка сок од лимон
2 лажици масло

Во сад измешајте го просеаното брашно со прашокот за пециво, па додадете го шеќерот. Потоа истурете топла вода, сок од јаболко, сок од лимон и масло. Измешајте ги состојките и пропржете ги палачинките.

Посни палачинки со чај

Состојки:

250 мл чај
6 лажици брашно
1 лажичка прашок за пециво
2 лажици шеќер
1 лажица масло
прстофат сол

Сварете го чајот по желба, а кога ќе се олади додадете шеќер, масло и сол. Потоа додадете го просеаното брашно и прашокот за пециво, па изматете го тестото за палачинки. Пржете ги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma