Рецепт за златно млеко:Потекнува од Индија,премногу е здраво и се приготвува лесно

popara27 ноември, 20231min00
Рецепт за златно млеко

Златното млеко е сè попопуларно во сите делови на светот.Покрај тоа што е многу вкусно,исто така е добро и за нашиот организам.

Рецептот за златно млеко потекнува од Индија и е се попопуларен во светот.

Некои го нарекуваат и млеко од куркума,а познато е како исклучително здрав напиток,бидејќи главните состојки имаат многу антиоксиданси.

СОСТОЈКИ:

половина чаша млеко
куркума – една мала лажица
мало парче рендан свеж ѓумбир или половина лажичка ѓумбир во прав
цимет во прав – половина мала лажица
мелен црн пипер – само ставете малку на прстот
мед – една мала лажица

ПОДГОТОВКА:

Процесот на подготовка е многу лесен.Во помал сад измешајте ги сите состојки и ставете ги на шпорет додека не зоврие.

Потоа намалете ја јачината и варете уште десет минути или додека не почнете да ја чувствувате аромата.

Земете цедалка и процедете ја течноста.Додадете малку цимет.

Златното млеко може да издржи од четири до шест дена во фрижидер,но се препорачува да се загрее пред консумирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag