Рецепт за крофни од две состојки: Крцкави од надвор, меки внатре, а идеални кога ви треба брз десерт!

popara5 мај, 20231min00
357292_ketokrofniceizrerneshutterstock-1629718222_ff

Имате неочекувани гости, а немате „ништо слатко“ во куќата?

Не очајувајте, имаме одличен рецепт за крофни кои се прават само од две состојки и се крцкави однадвор, а меки одвнатре.

Брзо и лесно се прават, сигурни сме дека сите ќе ги сакаат и верувајте ни на зборот: тешко е да се запре само на една.

Можеби не е лоша идејата веднаш да направите двојна мерка, бидејќи ќе ја снема за 5 минути.

Состојки:

300 гр брашно
250 гр грчки јогурт со ванила
масло за пржење
цимет по желба

Подготовка:

Во среден сад измешајте ги брашното и јогуртот и мешајте додека тестото не се соедини и не формира компактна маса.

Направете топчиња од тестото во големина по желба.

Истурете го маслото во средно тенџере и пржете ги крофните на средна топлина 3-4 минути додека не поруменат.

Во сад со цимет или шеќер во прав ставете ги топлите крофни.