
Рецепт за уживање со вашето омилено зимско овошје.
Состојки:
– 1 чаша (250 ml) масло
– 2 чаши шеќер
– 3 мандарини излупени
– 1 лажица екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
– 3 јајца
– 3 чаши брашно
– прстофат сол
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Измешајте ги маслото и шеќерот во голем сад околу една минута. Додадете мандарини и мешајте додека не се добие мазна смеса без парчиња овошје.
Додадете јајца и екстракт од ванила и мешајте уште две минути.
Со шпатула измешајте ги брашното и малку сол и сè убаво измешајте. Земете ја смесата со лажица и наполнете ги калапите за мафини, но не до врвот.
Печете 18-20 минути додека не поруменат и послужете ги изладени.