Рецепт за посни стапчиња со сусам и пиво: Идеално со салати и предјадења за празниците

popara18 декември, 20231min00
76a9d6340801e2b326c435f558a5bd586cf3dc2b

Посниот оброк е нешто потежок од мрсниот, па домаќинките даваат се од себе на различни начини, обидувајќи се да им претстават што повеќе вкусни деликатеси на гостите.

Доколку и вие сакате да уживате во совршени, крцкави стапчиња кои се погодни за постење, веднаш запишете го рецептот, бидејќи штом ќе ги пробате, засекогаш ќе се најдат на листата на вашите омилени грицки.

Нема да ви требаат многу време и пари за да ги подготвите, а резултатот е одличен.

Ви треба:

550 гр брашно
200 мл пиво
250 мл масло
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка сол
100 гр сусам
оригано, пиперка во прав по желба

Подготовка:

Во сад просејте го брашното, па додајте ги прашокот за пециво, солта и сусамот. Измешајте ги сувите состојки. Потоа додадете вода, пиво и масло, па сè добро измешајте. После тоа, замесете тесто да биде средно тврдо, па развлечете го на работната површина.

Обидете се да не го направите премногу тенко, но не и премногу дебело. Се сече на стапчиња и се посипува со зачини по желба. Можете исто така да измешате оригано и лук во прав.

Кога ќе завршите, ставете ги на хартијата за печење со која сте го обложиле плехот и печете ги во рерна на 200 степени 15 до 20 минути. Готови се кога ќе добијат убава златна боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma