Милиони од нас страдаат од барем еден недостаток на хранливи материи благодарение на нашата модерна исхрана и седентарен начин на живот, пишува Daily Mail.
Сепак, повеќето од нас не се свесни, иако нашите тела врескаат за повеќе железо, цинк, витамин Б12 и други есенцијални витамини и минерали.
Постојат бројни антички рецепти за корекција на крвната слика и анемија, но еден се издвојува како најефективен.
Направете си го овој сок секој ден и пијте го во текот на денот, по 150 мл.
Ви треба:
– 1 цвекло
– 1 морков
– 1 јаболко
– сок од половина лимон
– 2 лажички домашен мед
Подготовка:
Во соковник исцедете ги морковот, цвеклото и јаболкото. Стандардно исцедете го сокот од половина лимон. Додадете го во добиениот црвен сок. Додадете мед и измешајте. Добиениот сок пијте го во мали голтки во текот на денот.