Сутлијашот е деликатес типичен за многу светски кујни, а се добива со варење на ориз во млеко. Се служи топол или ладен, со додаток на чоколадо, цимет, ванила… Овој кремаст пудинг нашите баби често го послужуваа како десерт после ручекот, а е толку популарен што има верзија и во Африка. Сутлијашот според оригиналниот рецепт се вари, но може и да се пече.
Предлагаме да го направите на традиционален начин, користејќи 2 од совршените трикови на Гордон Ремзи. Тој советува да го „прочешлате“ со вилушка и да водите сметка за соодносот, за 100 гр ориз се потребни 150 мл вода.
Состојки: 200 гр ориз, 1 л млеко, 1 ванилин шеќер, 8 лажици шеќер, малку цимет.
Подготовка: Оризот измијте го и процедете го, па ставете го во тенџере. Истурете 300 мл вода и варете. Додадете прстофат сол и варете додека не зоврие. Потоа намалете ја температурата и постепено додајте уште 100 мл вода. Мешајте цело време за да не се залепи на дното на тавата и да не изгори. Кога водата ќе испари, неколку пати поминете со вилушка низ оризот, како да фаќате шпагети. Така ќе биде воздушест. Постепено додавајте го млекото и цело време мешајте. Кога малку ќе згусне, сутлијашот е готов. Потребни се околу 15 минути да се свари. Додадете ги шеќерот и ванилата, па мешајте уште една или две минути на шпоретот. Покријте го и оставете да отстои 10 минути, па послужете.