Доколку сте љубители на традиционалните деликатеси, но не сакате да поминувате многу време во кујната, познатиот кох е вистинскиот избор за вас.
Состојки:
4 јајца
2 лажици брашно
4 лажици шеќер
1 лажица сок од лимон
4 лажици гриз
Прелив:
800 мл млеко
1 ванилин шеќер
3 лажици шеќер
Подготовка:
Потребно е прво да се одвојат жолчките и белките,а потоа убаво да се изматат белките и шеќерот.Потоа постепено додавајте ги жолчките и продолжете со матење.Додадете го брашното,гризот и сокот од лимон и нежно измешајте. Истурете во огноотпорен сад,претходно премачкан со масло или путер.
Се пече на 180°C околу 15-20 минути.
За тоа време направете го преливот мешајќи млеко,шеќер и ванилин шеќер.Варете додека не се раствори шеќерот, а потоа прелијте го готовиот колач и оставете да се излади.