РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ- Брзо рижото со вргањ и со само 7 состојки

popara17 октомври, 20231min00
Рижото

На јадењата им дава богат,речиси месен вкус и има способност да ги интензивира вкусовите.Сезоната на вргањот е кратка, па можете да зачувате дел од нив или да ги подготвите свежи,а ние ви носиме рецепт за рижото.

Познат како „кралот на печурките“, вргањот може да се внесе во супи,чорби,сосови,рижото,омлети и други јадења кои се ценети затоа што оваа печурка е еден од најбогатите извори на вкусни амино киселини.На јадењата им дава богат,речиси месен вкус и има способност да ги интензивира вкусовите.Најдобро е печурките да се динстаат или да се печат за да не изгубат вода,со оглед на тоа што главно се составени од вода,а за да се препознае добар вргањ,потребно е внимателно да се провери дали има оштетувања,а особено не за жолтеникаво кафеава испод,бидејќи тоа е знак дека е премногу стар.Тогаш треба да се внимава на тоа дека вргањот нема темни дамки на капачето и мали дупчиња,кои се знак за присуство на инсекти,кои се вообичаени кај поголемите – постари вргањи,иако,според берачите на печурки тие се многу повкусни,под услов да се здрави.

СОСТОЈКИ:

300 гр ориз

300 гр свеж вргањ

2 главици кромид

2 чешниња лук

60 гр путер

80 гр пармезан сирење

сол, бибер

вода

масло за динстање

 

ПОДГОТОВКА:

Со четка исчистете ги печурките од прав од земја, исечете ги на кришки.Кромидот и лукот исчистете ги,ситно исечкајте ги. Кромидот се става да се динста,кога ќе стане малку застаклен,по 10-тина минути се додава лукот,се пржи една минута,па се додаваат печурките.Кога печурките ќе спаднат,додадете го оризот и промешајте го на тивок оган неколку минути.Потоа почнете да ја ставате водата,додавајќи малку по малку.Треба да се вари додека да омекне зеленчукот. Постепено посолете, пробајте да видите дали е доволно солено по потреба додајте уште сол.Кога оризот е готов,измешајте ги пармезанот и путерот, измешајте и оставете да се излади. Послужете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag