Рецепт на Џејми Оливер за гратиниран компир:Ви требаат само 30 минути и се топи во уста!

popara27 ноември, 20231min00
Гратиниран компир по рецепт на Џејми Оливер

Јадењето потекнува од Франција и се состои од тенко исечени компири ппготвени во мала количина крем и лук со додаток на морско оревче.

Легендарниот ТВ-готвач Џејми Оливер го сподели својот едноставен рецепт кој се топи во устата,а она што го прави уште подобар е тоа што се потребни само 30 минути за готвење, пренесува Mirror.Поради својата сложеност,ова јадење може да ги одврати луѓето да го подготвуваат, но Џејми Оливер сподели малку полесен рецепт.

Споделувајќи го методот на неговиот канал на Јутјуб,тој го пофали јадењето како совршено ако ви недостасува време,но „сеуште сакате одличен вкус“.„Ќе го направам највкусниот, убав компир;кремаст,се топи во уста,апсолутно прекрасен.Нормално,ќе бидат потребни неколку часа да се готви,но начинот на кој ќе го приготвам ќе биде неверојатен и многу побрз“. Целосниот рецепт и состојките можете да ги најдете подолу:

Состојки:

Еден кромид
Еден килограм компири
Едно цело морско оревче,за рендање
Две чешниња лук
1 x 300 ml крем за готвење
Четири аншоа
75 гр пармезан сирење
Два свежи ловорови листови
½ китка свеж рузмарин,мајчина душица и жалфија (10 g

Подготовка:Загрејте ја рерната на 200С.За да ги подготвите состојките,излупете го и преполовете го кромидот,а компирите измијте ги и исечкајте ги на тенки парчиња.Ставете ги компирите и кромидот во голема тава за печење и зачинете со прстофат морска сол и црн пипер.Потоа изрендајте малку морско оревче и здробете неизлупени чешниња лук пред да го истурите со кремот за готвење.

Ако користите аншоа,исецкајте ги и ситно изрендајте пармезан.Додадете ловоров лист,билки и додадете две лажици маслиново масло.Измешајте сè и ставете го во рерна.Во садот истурете 300 мл врела вода,добро покријте со фолија и оставете на оган пет минути.Отстранете ја фолијата и ситно изрендајте преку слојот пармезан.Останатите гранчиња мајчина душица намачкајте ги со масло,посипете ги одозгора и ставете ги во рерната на горната полица да се печат 30 минути или додека не поруменат и убаво се потпечат.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag