Состојки:
3 јајца
120 гр бело чоколадо
120 крем сирење (намаз со сирење)
Подготовка:
Чоколадото растопете го на пареа. Одделете ги жолчките и белките и матете ги белките додека не станат густи.
Кога чоколадото ќе се растопи, измешајте ги крем сирењето и жолчките, па полека додајте ги изматените белки додека мешате.
Истурете ја смесата во калапот и печете на 170 степени 15 минути.
По 15 минути намалете ја температурата на 160 степени и печете го колачот уште 15 минути.
По 30 минути печење, исклучете ја рерната и оставете го колачот да се пече на постоечката температура уште 15 минути.
Изладете го колачот и посипете го со шеќер во прав.