Јапонците измислиле позната техника против мрзеливост наречена Кајзен.
Техниката е да си кажете „Ајде да го правам ова само на шеесет секунди“. Земате книга и учите само 60 секунди, ни секунда помалку, ни секунда повеќе. Со тек на време тоа ќе ви стане забавно, па ќе си ги зголемите минутите, а несвесно ќе дојдете до моментот да седите еден час со книга.
Ако мразите да одите на тренинг, само почнете да трчате низ просторијата на тие 60 секунди, наскоро ќе сфатите дека тоа е премалку за вас и ќе почнете да тренирате многу подолго.
Оваа техника можете да ја користите секојдневно, ако треба да ги миете садовите, да ги средите алиштата, завршете го сето тоа преку оваа техника и ќе видите како за сите работи во основа не е ни потребно премногу време.
На овој начин внесувате натпреварувачки дух во себе, а со тоа на сите овие активности гледате како на силен противник кој сакате да го победите.
Каизен е реченица составена од два збора: Каи што значи промена и Зен што значи мудрост. Што значи дека ја претставува мудроста за менување на нашите навики.
Едноставно, ако нешто ви е тешко, само размислете колку ќе биде добро да го направите тоа за само 60 секунди и да се ослободите од тие обврски.