Иако го избегнала црвениот тепих, сите ја забележаа Ријана
По минатогодишната пауза, Златните глобуси се вратија на Беверли Хилс. Синоќа беа доделени престижни награди на најдобрите филмски и телевизиски продукции на годината.
Пред почетокот на церемонијата, сите погледи беа вперени во холивудските ѕвезди кои прошетаа на црвениот тепих. Познатите личности од светот на филмот и музиката ги покажаа најдобрите изданија на самиот почеток на годината.
Меѓу нив беше и пејачката Ријана, која беше номинирана за најдобра песна за нејзината работа на „Lift Me Up“ во „Black Panther: Wakanda Forever“.
Убавата Ријана сиот свој гламур го донесе во плиш и дијаманти. Таа го прескокна црвениот тепих, но беше забележана и на доделувањето, пристигнувајќи со нејзиниот партнер Асап Роки.
Убавицата од Барбадос облекла тесен топ фустан со миди должина, а над него облекла плишана наметка која синоќа ја забележавме кај бројните гости. Нејзината шминка беше едноставна, но затоа вниманието го сврте кон необична фризура.
КАКО ИЗГЛЕДАШЕ РИЈАНА МОЖЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА