РИЈАНА БЕСНА НА АЛБАНСКИ ДИЗАЈНЕРИ, НА ЧЕКОР ОД ТУЖБА! Се прават наивни – „НЕ ЗНАЕВМЕ“, а еве што направиле

popara28 август, 20231min00
Screenshot_3

Две албански модни дизајнерки од Косово го привлекоа вниманието на светски познатата Ријана.

 

 

 

 

Сепак, тоа не било баш пожелно внимание, а очигледно може да ги чини многу. Имено, пејачката од Барбадос ќе поднесе тужба, поради употребата на нејзиното име.

 

Дизајнерките тврдат дека Ријана воопшто не им била на ум.

 

Така, сѐ започнало кога Флоријана Бинаку (27), Албанка од Косово која живее во Швајцарија и Рита Хоџа (26) од Приштина, отвориле онлајн бизнис со гардероба.

 

Го нарекле „Ателје Ријана“. Тоа име почнало многу да се гугла, а побарувачката станала преголема за онлајн, па требало да отворат вистинска продавница.

 

Решиле да отворат студио во Цирих. Кога почнале процедурите за регистрирање нов бизнис – пријавата резултирала со одговор со жалба.

 

Имено, избраното име брзо се најде на радарот на тимот на поп ѕвездата Ријана.

 

Нејзиниот адвокатски тим побарал забрана за употреба на името „Ателје Ријана“. А според нив имало многу сличности со името на позната пејачка.

 

Промената на името било неизбежно, инаку дизајнерките ќе се соочеа со сериозна тужба од тимот на Ријана.

 

А Рита за „ Albanian post “ истакнала дека името нема никаква врска со пејачката од Барбадос.

 

– Името го создадовме како комбинација од нашите имиња Рита и Флори(јана), со цел да создадеме сопствен бренд наречен „Ријана Ателје“. Откако го видовме растот на нашиот бренд, решивме да го регистрираме нашиот бизнис во Цирих и да го отвориме нашето прво студио.

 

Откако Ријана се пожали, „Atelier Rihanna“ мораше да се смени во „Anari Atelier“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma