Познатата пејачка Ријана и нејзиниот партнер, музичарот Асап Роки го добија своето второ дете. Пејачката во тајност се породила и на свет донела здраво момче, уште на на почетокот на овој месец, пренесува „Ти-ем-зи“.
Извори блиски до пејачката наведуваат дека таа се породила на 3-ти август во Лос Анџелес. Името на нивниот втор син, сè уште не е познато, но се шпекулира дека најверојатно почнува со буквата „Р“.
Да потсетиме, пејачката веста за бременоста ја објави во февруари годинава, за време на нејзиниот настап во полуфиналето на Супер Боул.
Инаку, Ријана и Асап Роки го добија своето прво дете во мај 2022 година, а момчето го доби името РЗА Ателстон Мајер, (RZA Athelston Mayers), во чест на продуцентот и рапер РЗА (RZA), водач на американскиот хип хоп колектив Ву-Танг Клан.