Поп ѕвездата Ријана и нејзиниот партнер, раперот Асап Роки го очекуваат своето второ дете.
Имено, пејачката и раперот минатата година добија син, а сега се шпекулира дека доаѓа девојче.
Поп ѕвездата е фатена како купува розово боди за бебето, а се претпоставува дека е наменето за наследникот, пишува Дејли Мејл.
Да потсетиме, Ријана и раперот ја започнаа својата романса во 2020 година, а во мај минатата година добија син. Пејачката откри дека повторно ќе има бебе за време на нејзиниот настап на Супер Боул.
Неодамна во интервју за магазинот „Вог“ откри дека со години внимава на линијата и избегнува слатки, но поради бременоста не може да одолее на чоколадото.